Речиси средина на месец декември, а на скопскиот плоштад ни искра од новогодишната магија. Единствено нешто што ја осветлува улица „Македонија“ се уличните светла.
На плоштадот, дури денес дојдоа екипи да ја наместат елката, која до доцна вечерва уште не беше целосна. Се местеа и сијалички, а дел од нив не беа во функција. КУРИР излезе на терен и беше сведок на неподготвеноста на градот да им овозможи на скопјани навремено украсување и радост за најмалите – децата.
Поставени се и дрвените куќички, но ниту една не работи.
Сево ова требаше вака да изгледа можеби пред еден месец. Тоа што две недели пред Нова година ваква е сликата среде Скопје е голем пропуст.