Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ, ВРЕДИ против развојот на општина Бутел, објави градоначалникот Дарко Костовски.
„Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел.
Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните.
-За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.
20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел!
63% од овој Буџет за капитални проекти!
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
– Нова поликлиника
– Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен
– Детска градинка во населеното место Бутел 2
– Изградба на пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов”
– Нови мостови на река Серава
– Уредување и чистење на речното корито на Река Серава
– Финансиска помош за новороденчиња
– Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел
– Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
– Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
– Изградба на нови спортско рекреативни центри
– Нови детски игралишта
– Нови спортски игралишта
– Нов пешачки и пристапни патеки
– Поддршка на спортски клубови
– Спортски стипендии
– Парична помош за пензионерите
– Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
– Финансии за културни и спортски настани
Како и изминатите години така и во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.
Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!
2026 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места!
Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел“, потенцира Костовски во објавата.
💰УСВОЕН РЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 8️⃣4️⃣8️⃣ МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ЛЕВИЦА, ДУИ И ВЛЕН ПРОТИВ РАЗВОЈОТ НА ОПШТИНАТА БУТЕЛ❗️
Денес на…
Posted by Дарко Костовски on Петок, 26 декември 2025