Денес општина Бутел презема активности за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово.
Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани предизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски. Во општина Бутел се реконструираат и асфалтираат 70 улици, во износ од 150 милиони денари. Општина Бутел вложува во проекти за подобрување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на сите граѓани.