Скопје општина Бутел

Костовски: 525 пензионери од Бутел ќе добијат финансиска помош од општината

Помагаме затоа што никој не смее да биде оставен сам! – проа првиот човек на Бутел Костовски.

Костовски: 525 пензионери од Бутел ќе добијат финансиска помош од општината

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите.

525 пензионери од оваа скопска општина ќе добијат финансиска помош во висина од 2000 денари.

– Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани! Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци. Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по јавниот повик. Помагаме затоа што никој не смее да биде оставен сам! – проа првиот човек на Бутел Костовски.

525 ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ❗️

Денес го потпишав решението за исплата на еднократна финансиска…

Posted by Дарко Костовски on Tuesday, July 29, 2025

Најнови вести од Скопје

To top