Скопје широк коловоз, нови тротоари

Комплетно финализирана реконструкцијата на „Ѓорѓи Димитров“ во Кисела Вода

Проектот е обезбеден со поддршка од Владата преку Програмата за капитални инвестиции и првиот јавен повик за распределба на средства.

Комплетно финализирана реконструкцијата на „Ѓорѓи Димитров“ во Кисела Вода

Улицата „Ѓорѓи Димитров“ во Кисела Вода е модернизирана и доби сосема поинаков изглед.

Со завршувањето на последната фаза, комплетно е финализирана реконструкцијата на целата улица.

-Со новото уредување се создава уреден сообраќаен пат – широк коловоз, нови тротоари, партерно уреден простор како и ново улично осветлување. Ова ќе придонесе за подобар проток, зголемена сообраќајна безбедност и многу поквалитетно урбано секојдневие за жителите, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Реконструкцијата покрива потег долг околу 1200 метри и широк 12 метри.

Проектот е обезбеден со поддршка од Владата преку Програмата за капитални инвестиции и првиот јавен повик за распределба на средства.

Најнови вести од Скопје

To top