Скопје

Коменовиќ лаже, Костовски понуди парцела за прочистителна станица во Кучевишка Бара

Коменовиќ лаже, Костовски понуди парцела за прочистителна станица во Кучевишка Бара

На 18.05.2022 година градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски понуди парцела за прочистителна станица на општина Чучер Сандево. Од нејасни причини градоначалникот на Чучеер Сандево Сашко Комненовиќ пвој предлог го отфрли.

Прочистителната станица требаше да послужи на Чучер Сандево за решавање на деценискиот проблем со изградба на одводна канализација за граѓаните на Кучевишка Бара и Бел Камен.

По веќе две години мандат, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска почна со реализација на овој проект. Почетокот е многу сомнителен и не ветува дека вистински ќе се реши овој проблем.

Да се потсетиме дека пред последните локални избори токму Костовски ја донесе Арсовска на овие две населени места за истата за прв пат да се запознае со овој горлив проблем.

To top