Скопје Град Скопје

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори, од најголема атракција ЗOO Скопје се претвори во хорор приказна

Кирков ја праша Арсовска за кого се бара нови вработувања кога имаме повеќе од половина празни кафези.

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори, од најголема атракција ЗOO Скопје се претвори во хорор приказна

„Мојот збор ќе се однесува за годишната програма за вработување во Зоолошката Градина. Навистина ми е жал што немаме претставник од Зоолошката Градина што говори и за тоа каква почит имаат и кон овој совет и кон сите нас советници кои сме денес тука. Замислете со доаѓањето на Данела Арсовска и нејзините кадри како директори кои ги менува како гинис, од нај посетувана установа Зоолошката градина, зоолошка која беше атракција во регионот која привлекуваше голем број туристи за само три години Арсовска и нејзините кадри направија зоолошката градина да изгледа на една хорор приказна“, кажа Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Град Скопје и додаде:

-Наместо иновации таму умираат животни,повеќе од 40 егзотични животни за 2,5 години смртност, имаме инциденти, труење на животни, имаме животни затруени од салмонела од неисправна храна имаме незгоди, зоолошката стана небезбедно место и замислете се бара програма каде што се бараат нови вработувања, рече тој.

Кирков ја праша Арсовска за кого се бара нови вработувања кога имаме повеќе од половина празни кафези.

-Во програмата пишува се бара ЗОО негуватели, за кого? Зоолошката градина според мене треба да добие нов менаџмент, и наместо овој директор и овој менаџмент да размисли дека треба да ја напушти оваа позиција и да отстапи место на некој кој навистина ќе знае и умее да донесе инвестиции во зоолошката да го врати сјајот тие бараат нови вработувања. Сметаме дека тука се работи за тешки манипулации и злоупотреба само за да се добијат вработувања. Сметам дека не треба да се дозволи вработувања, ова што се случува во моментот не му доликува на Скопје и најстарата зоолошка градина. Директоре и Градоначалничке време е да превземете нешто или да си заминете, истакна Кирков.

Најнови вести од Скопје

To top