Скопје апел

ЈП Градски паркинг – Скопје: Има 4 начини на наплата за услугата паркирање на зонско

Апелираме до корисниците на нашите паркинг услуги на зонско, покрај најкористениот начин за наплата- СМС пораки, да ги користат и останатите можности за наплата, со што уредно и навремено ќе го регулираат плаќањето, велат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

ЈП Градски паркинг – Скопје: Има 4 начини на наплата за услугата паркирање на зонско

Апелираме до корисниците на нашите паркинг услуги на зонско, покрај најкористениот начин за наплата- СМС пораки, да ги користат и останатите можности за наплата, со што уредно и навремено ќе го регулираат плаќањето, велат од ЈП Градски паркинг – Скопје.

Начини за наплата на услугата паркирање на зонско кои ги нуди ЈП ,,Градски паркинг”- Скопје се следните:

➡️ СМС порака, пр. А0 SK1234BB

СМС пораките за наплата на услугата паркирање на зонско, мора да бидат испратени од телефонски број од македонски мобилен оператор, на бројот 144 144. Содржината на СМС пораката е како во примерот: Паркинг зоната, празно место, број од регистарската таблица, испишан на латиница.

За крај за паркирањето, односно за стопирање на наплата за услугата, потребно е да испратите СМС порака со содржина: S

➡️ Parking.Mk- мобилна апликација достапна на сите андроид и IOS оперативни системи. Со инсталирање на апликацијата, добивате можност за едноставно и брзо плаќање. Потребно е да ги внесете податоците за регистрацијата на возилото и платежна картичка, а користејќи ја апликацијата, преку ГПС системот добивате можност за прецизно утврдување на локација т.е. зоната на паркирање. Исто така, апликацијата Parking.Mk нуди можност за плаќање за паркинг услуга за повеќе возила истовремено.

➡️ QR код- на информативните табли, поставени на влез и излез од паркинг зоните, покрај основните податоци, додаден е QR код со чие скенирање добивате можност за внесување на времетраењето на паркирањето, регистрација на возилото и платежна картичка.

➡️ Греб картички- може да се набават на одредени локации во близина на зоните за паркирање. Потребно е да ги изгребете: датумот, часот и минутите за паркирање и да ја поставите греб картичката на видно место во автомобилот, најдобро на предното ветробранско стакло, од внатрешна страна.

To top