Во рамки на редовните активности, екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ спроведуваат континуирано чистење на диви депонии и јавни површини на територијата на Општина Гази Баба.
Овие денови беа опфатени повеќе критични локации:
-Инџиково
– Кино Маџари
– Шмеќи
– Ченто
– Хиподром
– Ќерамидница
Со навремено отстранување на отпадот, придонесуваме за поздраво и поуредено урбано живеење.
– Апелираме до граѓаните за совесно однесување, потенцираат од претпријатието.
Исфрлањето отпад на несоодветни места ја загрозува животната средина и здравјето на сите. Да се грижиме за нашата општина заедно – таа е наш дом, додваат во објавата.