Скопје вмро дпмне

Изгласани се сите програми за кои Арсовска тврдеше дека се кочат, од сега нема повеќе алиби за нехигиената на градот Скопје

Изгласани се сите програми за кои Арсовска тврдеше дека се кочат, од сега нема повеќе алиби за нехигиената на градот Скопје

Доцна попладнево ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје ги изгласа сите програми за кои Арсовска велеше дека се кочат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако на Арсовска не и се потребни програми за да го исчисти Скопје, затоа што за чисто Скопје не и е потребна програма за нешто што е утврдено со закон, сега по нивното гласање Арсовска нема повеќе алиби за нехигиената на главниот град.

И на крај, додека се гласаа програмите градоначалничката не беше присутна на расправата за седницата за точките за кои што тврдеше дека се клучни.

To top