Скопје се реализира и теренска анкета

Информативна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар

Информативна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар

Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар.

Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за регулирање на паркирањето во овој дел од општината.

Општина Аеродром

-На барање на граѓаните од овој дел од Аеродром и преку транспарента постапка и со вклученост на јавноста, по завршување на анкетата очекуваме да започне реализацијата на проектот со кој конечно ќе се регулира паркирањето во овој дел од општината, чекор кој ќе овозможи нови паркинг места, бесплатно и сигурно паркирање за станарите и со тоа ќе се стави крај на проблемите со недостаток на паркинг места и узурпирање на паркингот од страна на стари и хаварисани возила.

Апелираме до граѓаните да се вклучат во анкетата, а по нејзиното завршување од страна на Општина Аеродром ќе бидат преземени сите неопходни активности, за во соработка со „Градски паркинг“ реализацијата на овој проект да се одвива со забрзана динамика, информираат од Општината.

Најнови вести од Скопје

To top