Скопје

И животните трпат поради Арсовска: Проблемите во Зоолошка натрупани како ѓубрето во Скопје!

И животните, како и скопјани трпат поради градоначалничката Данела Арсовска. Проблемите во скопската Зоолошка градина се натрупани како ѓубрето во Скопје!

И животните трпат поради Арсовска: Проблемите во Зоолошка натрупани како ѓубрето во Скопје!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред околу еден месец распиша јавен оглас за избор на нов директор на скопската Зоолошка градина кој беше отворен до 14 август годинава.

Информација за тоа која е причината за распишување на огласот за избор на нов директор на Зоолошка нема, како што Арсовска ниту вчера немаше одговор кој ќе раководи во иднина со оваа институција.

-Законот утврдува на тоа дека Управниот одбор е оној кој треба да го направи првиот чекор пред да испрати документи за да тие бидат доставени до Градот. Затоа ќе го почекаме управниот одбор на институцијата, истакна вчера градоначалничката на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Но, она што е спорно во случајов е дека скопската Зоолошка градина нема функционален Управен одбор!

Двајца од тројцата членовите на Одборот се именувани на други функции и морале да поднесат оставки од овие позиции. Едниот член е в.д. директор на Јавна установа Детски дом „11-Октомври“ Скопје, а другиот в.д. директор на НУ Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ – Скопје. Па, така едниот член кој во моменот е останат во Управниот одбор не може сам да донесува било какви одлуки.

Иако Арсовска ја знаеше фактичката состојба со Управниот одбор на ЗОО- Скопје, а нови членови се уште не се избрани, сепак вчера го премолче фактот дека оваа институција не може да избере нов директор. Па кусо одговори дека таа не носи одлуки, туку изборите зависат од Управните одбори на институциите.

Покрај одлуки за нов директор, без целосен Управен одбор скопската зоолошка не би можела да функционира како што треба ни во моментов, ни во иднина. Управниот одбор е клучен и за храна и лекови за животните.

Покрај лошата состојба во која во моментов се наоѓа ЗОО и угинувањето на многу животни меѓу кои и двете жирафи и слоницата Дуња, КУРИР од свои извори дознава дека оваа институција има финансиски проблеми.

За потсетување – во мандатот на Данела Арсовска и в.д. директорот Зоран Попов, скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус поради неисполнување на обврските зададени од Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА) изминативе две години.

Попов е третиот директор на Зоолошката што е поставен во мандатот на Арсовска. Прв беше Кристијан Стаменов, па на негово место дојде Драган Илиевски, а потоа Попов.

Најнови вести од Скопје

To top