Скопје за пет години

Граѓаните и компаниите за даноци кон Град Скопје должат над 36 милиони евра, Градот повикува на подмирување на обврските

Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и Комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите, имаат долг спрема Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра.

Граѓаните и компаниите за даноци кон Град Скопје должат над 36 милиони евра, Градот повикува на подмирување на обврските

Даноците на имот и Комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведбата на инфраструктурните проекти, ко-финансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи како и финансирање на трошоците на средните училишта во Градот Скопје, информираат од Градот.

Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и Комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите, имаат долг спрема Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра.

-Се повикуваат сите даночни и таксени обврзници (правни и физички лица) кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок, велат од Град Скопје.

Увид во вашиот долг, преземање на даночните и таксените Решенија, како и електронска уплата на долгот може да извршите преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

За сите прашања можете да се јавите на следните телефонски броеви:

    • за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: [email protected][email protected],
    • за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: [email protected],
    • за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е-маил адресата: [email protected], и
    • за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: [email protected].

Даночниот долг може да го платите и преку Даночните шалтери на Град Скопје, кои Ви стојат на располагање  секој  работен ден од 8 до 19 часот, како и во Сабота на 13.12.2025 година.

To top