Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски саботниот ден го посвети на средби со граѓаните. Со преку 60 граѓани, дел во својот кабинет, дел телефонски дискутираше за надминување на нивните проблеми и за идеите што ги имаат за унапредување на условите за живеење.
-Работиме и во сабота- од рано наутро заедно со мојот тим сме во кабинетот и досега остварив лични средби и телефонски разговор со повеќе од 60 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината.
Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање.
Особено ме радува фактот тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина.
Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што досега е сработено.
Има и такви кои велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски.
Приемот е многу позитивен.
Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на едно пријателско кафе.
На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен, тоа е суштината на нашето работење-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.