Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и претставници на Град Скопје денес одржаа работна средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците. На средбата присуствуваа и членовите на делегацијата Алексеј Гавриш, Емили Гели и Африм Бајрами.
За време на средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката помеѓу Град Скопје и ОБСЕ, со посебен акцент на јакнењето и зголемувањето на ефикасноста на Локалните совети за превенција. Дополнително, беше истакната потребата од понатамошно зајакнување на стратешкото планирање, особено во контекст на претстојниот период до 2026 година.
Двете страни ја потврдија заедничката заложба за отворен дијалог, партнерски пристап и континуирана соработка, со цел унапредување на безбедноста и стабилноста на локалните заедници и во интерес на граѓаните.