Скопје

Голема кција за собирање кабаст отпад во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров како еколошки одговорна локална самоуправа организира голема акција за собирање кабаст отпад, односно мебел, бела техника и дотраени делови од домаќинствата кои повеќе не им се потребни на граѓаните, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот Александар Стојкоски.

На 30 и 31 август, како и на 1 септември ќе поставиме контејнери за кабаст отпад на повеќе означени локации низ целата општина. Во делови од Ѓорче Петров отпадот ќе се собира во контејнери, а во делови каде ќе биде одложен ќе биде собран со соодветни возила за транспорт на отпад.

Граѓаните ќе може да ја искористат акцијата во петок, сабота и недела во текот на целиот ден на следните локации:

– На паркингот кај градинката во Даме Груев

– Хром – Полјана

– На последна “5-ка”

– На ул. “Социјалистичка Зора” кај игралиштето

– На ул.”Македонска Војска” кај гимназија “Кочо Рацин”

– На ул.” Алексо Демниевски”

– Дексион кај старата месна заедница

– И во руралниот дел на следните локации :

– Дандар

– Блага Вода

– Ново Село кај трансформаторот

– Орман

– Волково кај кружниот тек

Свесен сум дека граѓаните имаат проблем при транспорт на ваков вид отпад, но и околу локациите за одложуваење на истиот. Токму ваквите акции се наш придонес да им се олесни на ѓорчепетровци во овој дел.

ѓВакви акции ќе бидат организирани и во иднина. Наш приоритет останува чиста и еколошки здрава животна средина.

Продолжуваме. За чисто Ѓорче, пишува Стојкоски во својата објава.

Најнови вести од Скопје

To top