Скопје

Голем број настани во општина Аеродром на кои ќе можат да уживаат сите генерации

Оваа сончева сабота е исполнета со голем број настани во Општина Аеродром, на кои можат да уживаат сите генерации.

Голем број настани во општина Аеродром на кои ќе можат да уживаат сите генерации

Оваа сончева сабота е исполнета со голем број настани во Општина Аеродром, на кои можат да уживаат сите генерации.

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ се одржува првиот меѓународен и национален таеквондо турнир „АЕРОДРОМ ОПЕН“ на кој се натпреваруваат над 300 учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Македонија досега има постигнато големи успеси во таеквондо и веќе имаме докажани спортисти на светско ниво кои редовно носат медали и победи во нашата земја. Турнирот е во организација на ТК „Те Макс“ со поддршка од Македонската таеквондо федерација и ќе биде дел од новиот лига систем Федерацијата.

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, го прогласи турнирот за отворен и им посака успешни борби на сите учесници со надеж дека покрај победите со себе ќе понесат и убави спомени од Општина Аеродром.

Исто така, во ТЦ „Капитол“ денеска и утре ќе бидат изложени креативните изработки на ученици од основните училишта од Аеродром, кои служат за еколошка едукација и кои ни го покажуваат процесот на рециклирање и преработка на отпадот.

„ЕКО-АРТ: Преку уметност до грижа за животната средина“ е настанот на кои се промовираат уметнички дела изработени од отпад, а е во организација на студенсткиот парламент при ФИНКИ и е дел од проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.

Главната порака која се испраќа со овој настан е дека со вклучување на сите чинители во општеството, можеме да ја подигнеме свеста за значењето на отпадот, за неговото правилно управување и за зачувувањето на животната средина во која живееме.

Општина Аеродром и во иднина ќе дава безрезервна поддршка на сите вакви активности, со кои преку спорт и забавно-едукативен начин се збогатува секојдневието на аеродромци.

Најнови вести од Скопје

To top