Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје е град со огромен потенцијал, и може да биде симбол на позитивни промени

Скопје е пред големи предизвици, но верувам дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што граѓаните заслужуваат. Ми претставува исклучителна чест што истражувањата покажуваат дека ја имам довербата на граѓаните за да ја преземам и оваа значајна улога. Скопје е град со огромен потенцијал, но и со големи предизвици, вели во интервју за МКД.мк Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

Влегувате во последната година од вашиот мандат како градоначалник на Кисела Вода. Низ ваша призма, како изгледа трансформацијата на оваа скопска општина?

–Последната година од мојот мандат е финалето на сето она што заедно со мојот тим и со граѓаните го постигнавме. Ако во првата година, веднаш по преземањето на градоначалничкиот мандат влеговме со наследен долг од 3 милиони евра, во последната, четврта година влеговме со историски најголемиот буџет досега, што ни овозможи да планираме и реализираме повеќе капитални проекти од кога било претходно. Денес, со гордост можам да кажам дека 95% од предвидените проекти од мојата програма се веќе завршени. Тие опфаќаат инфраструктурни решенија кои беа долгоочекувани од жителите, како и проекти кои значително го подобрија секојдневниот живот – од изградба на улици и канализации до модернизација на јавниот простор и поддршка за предучилишното и училишното образование, спортот и културата.

И во оваа, последна година од мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, приоритет ќе бидат проектите кои директно ги адресираат потребите на граѓаните, затоа што сметам дека секој денар од буџетот треба да заврши токму таму каде што е најпотребно. Наскоро очекуваме нов повик од Владата за распределба на средства за општините, и јас веќе работам со мојот тим на подготовка на квалитетни проекти кои ќе обезбедат дополнителни инвестиции за Кисела Вода.

Она што е најважно е дека граѓаните се нашите партнери. Тие активно учествуваат во планирањето и со нивната поддршка, успеваме да реализираме иницијативи кои се од вистинско значење за општината.
Каква е соработката со Владата, особено како претседател на ЗЕЛС?

–Кога ја презедов функцијата претседател на ЗЕЛС, си поставив амбициозни, но остварливи цели: да постигнеме соработка со Владата, бидејќи со нејзиното претходно раководство воопшто ја немавме и да обезбедиме поголема поддршка за општините. Со задоволство можам да кажам дека во овој период постигнавме значителен напредок.
Еден од клучните моменти беше потпишувањето на меморандумот за соработка со Владата, кој со новиот премиер Христијан Мицкоски го остваривме веднаш откако се конституираше новата влада. Овој документ кој се чекаше повеќе од две децении и ја покажува нашата заложба за поефикасна локална самоуправа. Сметам дека улогата на ЗЕЛС е да биде мост меѓу општините и централната власт, и во таа насока, веќе реализиравме бројни иницијативи кои значат директна поддршка за граѓаните. Владата и локалната самоуправа денес делат исти вредности и идеи, и тоа е основата за долгорочен успех.

Целото интервју прочитајте го на МКД

To top