Скопје Општина кисела вода го прославува својот 69 роденден

Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица одржаа незаборавен концерт на Културното лето на Кисела Вода

Третата фестивалска вечер на Културното Лето 2024, обедини жанровски различни музички вкусови и покажа дека одличната забава по мерка на публиката и концертите за кои долго се раскажува и понатаму остануваат да бидат заштитен знак на на Општина Кисела Вода.

Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица одржаа незаборавен концерт на Културното лето на Кисела Вода

Пред паркот во Расадник синоќа немаше празно место. Третата фестивалска вечер на Културното Лето 2024, обедини жанровски различни музички вкусови и покажа дека одличната забава по мерка на публиката и концертите за кои долго се раскажува и понатаму остануваат да бидат заштитен знак на на Општина Кисела Вода. Различните музички стилови по кои се познати главните ѕвезди на вечерата, Џорџе Давид, Ивана Петерс и Бресквица, беа врзани во интересен концепт, а настанот започна со македонските изведувачи- Андријана Петрушевска, Омер Џаферовски, Славица Ангелова и Александар Јосифовски. Џорџе Давид и Ивана Петерс донесоа одличен рок звук и хитови кои публиката ги дочека со огромни аплаузи. На сцената имаше и одлични дуети со македонските изведувачи. По нив следеше популарната Бресквица, која во моментот е една од најбараните пејачки, посебно кај помладата генерација. Од моментот кога се појави до бината, па се до самиот крај на концертот, публиката беше одушевена. Се играше и пееше во одлично расположение и атмосфера која ќе се памети. На настанот публиката ја поздрави градоначалникот Ѓорѓиевски кој им се заблагодари и на присутните и на изведувачите за одличната забава во очи денешниот роденден на Општина Кисела Вода и потенцираше дека со ваква сплотеност и убава енергија се испишува новата историја на Кисела Вода.

Општина Кисела Вода

-Среќа е кога сите сме на едно место и заеднички ја споделуваме. А вечерва, заедно со сите, како еден од вас покажавме колку сме горди на најубавата наша Кисела Вода. Ви благодарам на секој еден од вас – за сите стиснати раце, заедничките слики и прегратки за поддршка! Огромно благодарам на најзаслужните за оваа радост вечерва – Ѓорѓе Давид, Бресквица, нашата Андријана Петрушовска, неповторливата Ивана Петерс и сите ѕвезди кои вечерва ни го приредија ова. Знаете, испишуваме историја – Храброто срце на Скопје, Кисела Вода повторно живее! Продолжуваме утре, Суперхикс подготвуваат вистинско изненадување за сите вас! Се гледаме на најдобрата журка во Скопје-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по што следеше голем огномет.

Општина Кисела Вода

Вечерва прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, започнува од 19 часот на истата локација, во паркот во Расадник. Предвидена е огромна журка со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век и многу други.

Општина Кисела вода

Најнови вести од Скопје

To top