Заврши изградбата на новото мултифункционално игралиште на територијата на општина Ѓорче Петров.
Ова на својот Фејсбук профил го објави градоначалникот Александар Стојкоски, кој објави видео од истото, а со кое ги повика граѓаните на партија баскет.
Ова мултифункционално игралиште се наоѓа во наслебата Даме Груев, а истото е едно од многуте кои Стојкоски ги направи во неговиот мандат.
Стојкоски покрај ова игралиште се пофали и со изградба на уште неколку вакви игралишта, но и на реконструкција на улици кои ги ветил пред граѓаните на општина Ѓорче Петров.
Видеото од новото мултифункционално игралиште може да го видите ТУКА