Општина Гази Баба успешно го реализираше проектот за обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија.
Од општината информираат дека со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер.
Вредноста на проектот е 14.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Овој проект за прв пат се имплементираше во општина Гази Баба минатата година и истиот претставува реализирано ветување од изборната програма на актуелниот градоначалник Бобан Стефковски.
За реализираниот проект, градоначалникот истакна дека истиот е од голема важност за општината и е посебно среќен бидејќи учениците се ослободени од предрасудите и на сите нив им останува единствено обврската да се посветат на совладување на материјалот кој им се предава од страна на наставниот кадар.
Општина Гази Баба продолжува со реализација на проекти кои ќе обезбедат поквалитетно образование и воспитание на децата.