Повеќе од 10 000 посетители имаше синоќа во паркот Расадник на втората фестивалска вечер од Културнoто Лето на Општина Кисела Вода. Пајак и Два Бона одржаа концерти кои долго ќе се раскажуваат
Покрај нивните хитови кои се пееја цела вечер во еден глас, тие на сцената настапија и заедно, со нивната нова заедничкa песна “Алиби”.
Аплаузи, пеење, сликање со идолите, огномет и многу забава и среќа се запишани на страницата на Општина Кисела Вода од овој четврток.
Добрата забава продолжува и во следните денови. Вечерва, петок од 20 30, на истата локација, во Расадник, настапуваат гости од Србија- Ѓорѓе Давид, Бресквица и Ивана Петерс на кои музички ќе им се придружи и Андријана Петрушовска.
-Повеќе од 10.000 среќни лица вечерва беа сведоци на најдобрата забава во Скопје! Ви благодарам на сите кои со своето присуство додадовте парче во мозаикот на нашата Кисела Вода. Благодарарам на главните ,,виновници” за најдобрата журка во градот, Пајак и 2 Бона кои оваа вечер ја направија за паметење и ги сплотија младите во нашата општина, па и градот Скопје. Ова, ќе се прераскажува! Кисела Вода испишува историја. Се гледаме утре, во истото време со мега популарниот рокер Ѓорѓе Давид, Бресквица и нашата Андријана Петрушовска-изјави градоналалникот Орце Ѓорѓиевски.