Скопје скопје

ФОТО: Главниот град под снежна покривка

Утринава жителите на главниот град, беа изненадени од неочекувани врнежи од снег, кои го покрија градот со тенок слој белина.

ФОТО: Главниот град под снежна покривка

Утринава жителите на главниот град, беа изненадени од неочекувани врнежи од снег, кои го покрија градот со тенок слој белина.

Големите снегулки паѓаа интензивно во раните утрински часови, создавајќи снежна покривка во градот.

Наглата промена на времето за многумина донесе и можност да ја почувствуваат ретката зимска магија во Скопје, каде што снегот сѐ поретко се задржува подолго.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Слаби врнежи од снег се очекуваат во текот на ноќта, особено во планинските предели.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, а температурите ќе достигнат до 6 Целзиусови степени.

Најнови вести од Скопје

To top