Скопје

Еве кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја, а кои без вода

Еве кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја, а кои без вода

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе бидат делови од населбите Драчево и Кондово.

Како што инфомира Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Сердарот“ 2 и 4 во населба Драчево, а од 08:00 до 11:00 часот дел од селото Кондово кај пералните.

Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ бр. 72 во населбата Карпош утре од 7 часот со намален притисок во водоснабдување ќе останат корисниците на потегот од булеварот „8 – ми Септември“ до улицата „Рузвелтова“ и на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Васил Ѓоргов“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

To top