Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности, Благоја Ѓорѓиевски по повод почетокот на пролетта и Денот на екологијата направија обиколка на локациите каде се спроведува голема еколошка акција за чистење и уредување на јавните површини.
Благодарение на посветеноста на комуналните работници Општина Аеродром обезбедува континуитет во одржување на чиста, средена и зелена средина.
Активностите за пролетно расчистување на Аеродром продолжуваат и во следниот период.