Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека на ден 07.08.2025 (четврток) дел од општина Карпош ќе остане без вода.
Поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. „Драгиша Мишовиќ“ бр. 7, во периодот од 09:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“ и „Трифун Пановски“, како и корисниците од ул. „Бледски Договор“ лоцирани на потегот од бул. „Илинден“ до ул. „Карпошево Востание“.