Скопје општина бутел

Целосната реконструкција на три улици во Радишани

Истовремено, општината започна проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари.

Целосната реконструкција на три улици во Радишани

Од денес започна целосната реконструкција и санација на 3 улици во Радишани. Краците на улица „Радишанска“ во должина од 500 метри и површина од 1461 метар квадратен ќе се асфалтираат по машинското гребење и поставување на нов тампон, соопштија од Општина Бутел.

Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски, потенцираат од општината.

Истовремено, општината започна проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари.

To top