Поради дефект на затворач на улица „Иван Хаџиниколов“, прекинато водоснабдување попладнево имаат корисниците на дел од истата улица, како и на дел од улиците „Жарко Зрењанин“, „Ѓорѓи Динката“ и „Скендербег“ во опшина Кисела Вода.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот. (МИА)