Без вода денеска од 9:45 часот се дел од корисниците во местото „Дексион“ во населбата Ѓорче Петров 2.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-80 мм на ул. „Беаз Куле“ 3.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.