Без струја утре ќе бидат делови од општините Илинден, Сарај, Чучер Сандево, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Според известувањето добиено од „ЕВН Македонија“ АД, утре без електрична енергија во периодот од девет до 13 часот, ќе останат дел од корисниците од улицата „Сарај“, општина Сарај.
Од девет до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Танушевци и од Брест, општина Чучер Сандево.
Без струја во периодот од 9.30 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од селата Марино и Белимбегово. Додека пак, краткотрајни прекини во периодот од 9.30 до 9.45 и од 11 до 11.15 часот, ќе имаат преостанатиот дел од корисниците од селата Марино и Белимбегово, општина Илинден. (МИА)