Пратеничката и кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со кандидатите за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги продолжуват предизборните теренски активности.
-И вечерва бев меѓу моите сограѓани, заедно со дел од советничката листа.
Пречекот беше пријатен, а разговорот искрен и конструктивен.
Чест и задоволство да слушнам што навистина им значи на луѓето, нивните предлози, идеи, но и забелешките.
Благодарна сум за секој збор секоја поддршка и за секој момент споделен со вас.
Продолжуваме!, пишува на Фејсбук Стаменкоска Трајкоска.