Скопје Општина Кисела Вода

Бети Стаменкоска Трајкоска: Кисела Вода е општина со срце, визија и резултати

Без нивната поддршка ваквите проекти не би биле можни. Особена чест ми е што сум дел од оваа приказна што носи резултати. Продолжуваме со работа и понатаму – со иста цел: Општина Кисела Вода да остане симбол на раст, стабилност и вистинска грижа за луѓето, потенцира пратеничката.

Бети Стаменкоска Трајкоска: Кисела Вода е општина со срце, визија и резултати

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска беше на увид во изградбата на новата градинка во Драчево. Таа истакна дека ова не е само проект на хартија, туку жива потврда дека кога се работи со визија и упорност, резултатите се гледаат.

-Со Орце Ѓорѓиевски како двигател на промените, Општина Кисела Вода ја добива својата десетта градинка. Во нашата општина веќе нема листи на чекање за згрижување на деца. Ова е вистински успех, показател дека сме општина што не само што ги решава своите потреби, туку помага и на граѓани од соседни општини. Ова е општина што веќе опслужува и деца од соседни општини затоа што знае што значи да вложуваш во најважното: децата, објави Стаменкоска Трајкоска.

Имено, упати огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до заменик министерот за социјална политика, демографија и млади за континуираната поддршка.

-Без нивната поддршка ваквите проекти не би биле можни. Особена чест ми е што сум дел од оваа приказна што носи резултати. Продолжуваме со работа и понатаму – со иста цел: Општина Кисела Вода да остане симбол на раст, стабилност и вистинска грижа за луѓето, потенцира пратеничката.

Таа дополни дека Општина Кисела Вода е една најуспешна приказна која што треба да продолжи. Со истата посветеност, со нова енергија и со почит кон веќе сработеното кон континуиран развој.
Нашите граѓани тоа го заслужуваат!

Најнови вести од Скопје

To top