ЈСП Скопје информира дека поради одржувањето на Министерскиот самит на ОБСЕ ќе има промени во возниот ред.
Од претпријатието информираат дека јавниот превоз во среда ќе сообраќа вообичаено, по зимен делничен возен ред. Во четврток автобусите ќе возат по саботен возен ред
Билетарниците и центрите за персонализација во четврток нема да работат, а во среда ќе работат до 13 часот.
Жичарницата ќе работи според вообичаеното работно време, од 10 до 17 часот.