Скопје отчет за сработеното на градоначалничката бети стаменкоска трајкоска

„100 дена, 100 дела“ – Кисела Вода – ОПШТИНА КОЈА РАБОТИ ЗА ТЕБЕ

-Ова е само почеток на една амбициозна приказна. Нашата крајна цел е целосна реализација на ветената програма. Ова беа само 100 дена. Ова се само 100 дела од бројните кои следат. Продолжуваме понатаму, заедно. Кисела Вода продолжува да биде општина што работи за вас-порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

„100 дена, 100 дела“ – Кисела Вода – ОПШТИНА КОЈА РАБОТИ ЗА ТЕБЕ

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес го презентираше отчетот за сработеното во првите 100 дена од нејзиниот мандат. Под слоганот „100 дена, 100 дела“, таа истакна дека општината работи со несмалено темпо, ставајќи го фокусот на резултатите.

-Со реализирани 5 километри нов асфалт, со отворено ново кино и интензивна работа на над 20 крупни капитални проекти, покажавме дека динамиката не запира. Некои од овие зафати се веќе завршени и пуштени во употреба, додека други се во напредна или завршна фаза. Голем дел од овие проекти ги реализираме самостојно, а значаен дел со силната поддршка од Владата. Тоа се заеднички инвестиции со една единствена цел: подобар, побезбеден и пофункционален живот за сите, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Како потврда на оваа динамика, градоначалничката посочи дека развојот се мери со видливи чекори. Реконструирани се клучни сообраќајници, меѓу кои „Ѓорѓи Димитров“, „527“, а при крај се и зафатите на улиците „Жил Верн“ и „Саса“ со нејзините краци.

Паралелно се гради фекална канализација во Бабин Дол, а во завршна фаза е изградбата на атмосферска мрежа на ул. „Томе Арсовски“. Во моментот трае изградбата на два паркинга, како и на две од предвидените 10 детски катчиња, едното во село Драчево, другото во Дупки.

Стаменкоска Трајкоска посочи дека Кисела Вода воведе нови стандарди во комуналната хигиена. За првпат, поставени се 15 специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, а во фаза на изработка се уште 15 за пред училиштата. Првиот тон текстилен отпад е веќе складиран. Во рамки на бројните еколошките акции, исчистени се 27 диви депонии, а преку договорената соработка со ЈП Национални шуми, најавено е засадување на 3.000 нови садници.

Во делот на општествениот живот, како историски успех беше издвоено отворањето на кино во село Драчево, прво кино во село после времето на Југославија.

За најмладите, приоритет останува целосното укинување на листите на чекање во градинките.

-На прагот сме да отвориме две нови градинки во „11 Октомври Згради“ и „Подстаница“, а во полн ек е изградбата на објектот во „Расадник“- информираше градоначалничката.

Истовремено, со владина поддршка се вршат доградби во училиштата „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“, како и изградба на ново училиште во селото Драчево. Се инвеестира и во спортската инфраструктура преку изградба на сали во училиштата „Круме Кепески“ и „Кузман Јосифовски Питу“, како и во целосната реконструкција на култната сала „Расадник“ преку соработката на Министерството за спорт и општината.

-Покрај изградбата на спортски сали, силен акцент ставивме на едукацијата и инклузијата: наставниците по физичко поминаа специјализирани обуки за работа со деца со попреченост. Дополнително, обезбедивме бесплатни часови по шах за младите, а со оглед на тоа што шахот е воведен како изборен предмет, спроведовме и соодветна стручна обука за наставниот кадар. За прв пат ја воведовме манифестацијата Спортист на годината која планираме да прерасне во традиција-посочи градоначалниката.

Во делот на социјалната заштита и грижата за најранливите, општината ја прошири мрежата за поддршка со отворање на нов Центар за бесплатни логопедско-дефектолошки третмани во Драчево. Истовремено, во завршна фаза е едукативно-терапевтскиот центар во Црниче, кој ќе биде од клучно значење за децата со дислексија, дисграфија и дискалкулија.

Презентацијата заврши со најава за идните проекти кои стартуваат во периодот што е пред нас, како и со благодарност за сите оние кои ја помогнале реализацијата на се она што е досега постигнато. Советот, Претседателот на Советот, општинската администрација, Општинската администрација за секојдневната посветена работа, Владата, премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и министрите за силната поддршка, Градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и јавните претпријатија за редовната соработка на терен, Граѓанскиот сектор и здруженијата, кои се партнер и коректив на општината. Најголемата благодарност, сепак, градоначалничката ја резервираше за жителите на Кисела Вода.

-Ова е само почеток на една амбициозна приказна. Нашата крајна цел е целосна реализација на ветената програма. Ова беа само 100 дена. Ова се само 100 дела од бројните кои следат. Продолжуваме понатаму, заедно. Кисела Вода продолжува да биде општина што работи за вас-порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

To top