Нов, срцепарателен прес на опзициската СДСМ. Партијата која минатите седум години работеше само за џебовите на своeто раководство, од кое половина веќе се со кривични пријави, а за другата половина се крчкаат, денеска обвини дека новата влада ја уништила економијата:
„Целосен дебакл на погрешните економски политики на власта на Мицкоски и ДПМНЕ. Македонската економија оди надоле, животниот стандард на граѓаните опаѓа а инфлацијата повторно расте.“ срочи остроумно партијата од Бихаќка.
Аналитичарите и јавноста се сведоци на старите финти на СДСМ, кои како и старите кутриња, никако не можат да научат нови трикови. Од време-навреме, нова, велат по кулоарите, била само фризурата на портпаролката Богданка Кузеска.
Галерија на фризурите на Кузеска, која од друга страна – да не е со своите бајати прес-конференции, не би се ни чуло за пензионираната партија која неуморно ита кон пасокизација и часови по свирење клавир.
Јавноста секојдневно е во исчекување, не што ќе каже, туку со каква фризура ке настапи порпаролката на испоставата од Бихаќка.