Република Општата болница во Струга

Женско е првото новороденче во Струшката болница

Бебето на свет дошло еден час по полноќ.

Женско е првото новороденче во Струшката болница

Женско е првото родено бебе во Новата година во Општата болница во Струга, потврди за МИА, директорот Владимир Бунчески.

Бебето на свет дошло еден час по полноќ.

– Првото родено бебе на Гинеколошкото одделение во Болницата во Струга на свет дојде во еден часот и три минути. Тешко е 2.960 грама, долго 49 сантиметри, појасни Бунчески.

Бебето и мајката, која е прворотка, од струшкото село Лабуништа, се во добра здравствена состојба.

To top