Република ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола

Здравковска: Катастрофа од најголеми размери, елементарна непогода од незапаметен вид – тоа е власта СДС со ДУИ

„Граѓаните уште прашуваат, дали во затворот има сериозни проблеми со дисциплината, а чести се дури и физички пресметки?“

Конечно прозбори и комплетно безгласниот и неважен претседател на СДС во Битола, кој наместо да одговори на прашањата на граѓаните денеска држи прес конференција со закани и без никаква смисла, порачуваат од  ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната прес-конференција

Господине Драган Крајовски, им останавте должни на граѓаните дали навистина во Затворот со кој вие менаџирате се употребува и се тргува со дрога и други психотропни супстанци?

Дали за сместувањето во отвореното одделение вие ексклузивно одлучувате и дали можеби тоа има врска со “бизнисот”?

Дали ќе се одважите пред граѓаните да го покажете документот за извршениот технички прием по реновирањето на објектот?

Граѓаните уште прашуваат, дали во Затворот има сериозни проблеми со дисциплината, а чести се дури и физички пресметки?

Навистина, катастрофа и овој пат сте ја промашиле поентата господине Крајовски!

И разбирливо е наполно, пред се поблискиот катастрофален изборен пораз и постојаните најави за ваша смена од претседател на СДС и директор на Затворот.

На сите и во Битола и во државава им е јасно дека #ВажноЕ конечно оваа неспособна власт, корумпирана и криминална да замине во опозиција!

Најнови вести од Република

To top