Република

„Во Битола евакуацијата на СДС не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции“

„Во Битола евакуацијата на СДС не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции“

Во Битола ЕВАКУАЦИЈАТА на СДС не запира, сопругот на советничката Мими Ралевска и локалниот портпарол вработени во државни институции. СДС пред заминување не запира да ги понижува битолчани и дрско и безобразно им се оддолжува на своите гласноговорници, кои постојано изнесуваат лаги и манипулации од говорницата во Советот или на прес конференции, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

„Така, лицето Ивона Трифунов, во последно време позната како “креатор” на невистини и бесмислени прес конференции пред големиот пораз ја вдомуваат во Клиничка болница, како референт за кадровски работи, а за сопругот на новопечената политичарка и советничка, Мирјана Ралевска – Кире Ралевски обезбедуваат работно место како магационер во ученичкиот дом Мирка Гинова, каде и без тоа врие од криминал и злоупотреби, од страна на нивната директорка. СДС, со секој изминат ден се се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа остана да се занимаваат само со вакви ситни вработувања – без никаков обзир кон тоа што му е обврска како власт“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека затоа ситуацијата е ваква каква што е – очајна, а изгубените СДС, чираци на ДУИ, секој ден подлабоко пропаѓаат во жива песок која има само едно единствено име – епски пораз на претстојните избори!

Најнови вести од Република

To top