Република ТППЕ Струмица

Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани, се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.

Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.

Како што информираат оттаму, пожарот избувнал во стан на 4 кат во колективна станбена зграда, а во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и седум пожарникари.

-Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани, се наведува во информацијата на ТППЕ Струмица.

На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијаата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

To top