Република

Во Штип државна матура ќе полагаат 475 средношколци

За завршен испит се пријавени 104, а за училишна матура тројца ученици.

Во Штип државна матура ќе полагаат 475 средношколци

Средношколците интезивно се подготвуваат за полагање на државна матура. Раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека во средните училишта во Штип се организираат часови на кои средношколците може да го проверат своето знаење, заедно со нивните професори, но и да ја повторат материјата потребна за полагање државна матура. Во сабота на 1 јуни се полага првиот задолжителен предмет за државна матура, а една недела подоцна се полага и вториот задолжителен предмет.

-Во средните општински училишта во тек се подготовките за полагање на државна матура и за завршен испит. Државната матура започнува со полагање на првиот задолжителен предмет, кој ќе се полага во сабота. Учениците интезивно работат со нивните професори, со цел да ги подобрат знаењата и да постигнат подобри резултати. Вториот дел од полагањето ќе биде наредната недела, на 8 јуни, вели Санева.

Инаку на територија на Општина Штип државна матура ќе полагаат вкупно 475, за завршен испит се пријавени 104, а за училишна матура тројца ученици. Во гимназијата „Славчо Стојменски“, државна матура ќе полагаат 144 ученика, а три училишна матура. Во СОУ „Коле Нехтенин“ државна матура ќе полагаат 118 ученика, завршен испит со три години 31, а со четири години 42 средношколци. Во штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ 207 матуранти ќе полагаат државна матура, а 15 завршен испит. Во СОУ „Димитар Мирасчиев“ државна матура ќе полагаат шест, а завршен испит 16 матуранти.

To top