Над 41.000 избирачи имаат право на глас на престојните избори на територија на Општина Штип.
Оваа бројка е помала за околу 800 гласачи споредбено со Парламентарните и Претседателски избори од 2024 година.
Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев вели дека намален е и бројот на Избирачки места поради тоа што во нив има помалку од 10 избирачи и истите се затворени.