Излезноста во Крива Паланка до 13 часот изнесува 42,08 отсто од вкупниот број 16518 граѓаните со право на глас за изборите за претседател на државата.
Според претседателот на општинската изборна комисија Ранковце, Орце Тодоровски, информира дека до 13 часот во општината на 13 избирачки места гласале 26.63 отсто од граѓаните, додека во Кратово 33.85 отсто.
Изборниот процес на подрачјето на општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово, засега се одвива непречено и без нарушување на истиот. (МИА)