И во зимскиот период пожарникарите се со полни раце работа. Од ТППЕ Струмица денес информираа дека имала три интервенции.
Во раните утрински часови околу 03.42 часот, извлекувале починато лице заедно со трактор кој беше паднат во каналот од поројот кој води од ул.Крушевска република кон с.Сачево. Таму било интервенирано со едно ПП возило и четири пожарникари-спасители.
– Во 14.24 часот, запалена куќа на ул.Бошко Буха бр.6, а интервенирале со две ПП возила и седум пожарникари-спасители. Додека во 16.35 часот, гаселе запалена депонија во близина на с.Градско Балдовци, а интервенирале со едно возило и двајца пожарникари-спасители, сооштија од ТППЕ Струмица.
Денес, 17.01.2026 година, (сабота), ТППЕ Струмица имаше три интервенции и тоа:
✅ Во 03.42 часот, извлекување на починато лице заедно со трактор кој беше паднат во каналот од поројот кој води од ул.Крушевска република кон с.Сачево.
Интервенирано со едно ПП возило и четири пожарникари-спасители.✅ Во 14.24 часот, запалена куќа на ул.Бошко Буха бр.6.
Интервенирано со две ПП возила и седум пожарникари-спасители.✅ Во 16.35 часот, запалена депонија во близина на с.Градско Балдовци.
Интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители .Posted by Пожарникари – Струмица on Сабота, 17 јануари 2026