Република

ТЕТОВО СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ – пред детската градинка „Младост“ никна планина од која се шири неподнослива миризба, а најмалите тоа го дишат (ФОТО)

ТЕТОВО СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ – пред детската градинка „Младост“ никна планина од која се шири неподнослива миризба, а најмалите тоа го дишат (ФОТО)

Наши читатели до редакцијата на Курир испратија фотографии на кои се гледа брдо планина од ѓубре кое не се собрано од комуналното претпријатие во Тетово речиси со недели…

Според приложените фотографии се гледа дека оваа буквално дива депонија никнала среде детска градинка во која секојдневно престојуваат деца, но и бебиња во јасли групите.

Станува збор за детската градинка „Младост“ во чија околина има само еден контејнер, но и многу расфрлано ѓубре насекаде.

Дали општината ќе ги засука ракавите останува да видиме, а на граѓаните на Тетово им останува само да се молат што побрзо да се ослободат од овој шут.

To top