Буџетот на општина Гази Баба за 2024 година е усвоен на денешната седница на Советот.
-Со новиот буџет се определуваат средства за:
Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков;
Целосна реконструкција на Културниот дом во Ченто;
Изградба на нова детска градинка во Трубарево;
Изградба на нова детска градинка во Инџиково;
Изградба на нова детска градинка кај салонот Мерцедес;
Изградба на нов модул за фекална канализација во Јурумлери;
Изградба на нова последна фаза на фекална канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало;
Изградба на нови спортски терени;
Изградба на нови детски забавни катчиња;
Асфалтирање на локални улици;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди;
Субвенционирање на граѓаните за набавка и вградување на сончеви колектори;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди;
Субвенционирање на граѓаните за набавка на печки на пелети;
Субвенционирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас;
Субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците;
И многу други проекти кои во следниот период ќе бидат презентирани на граѓаните, објави Стефковски.
Не’ очекува година во која ќе се реализираат голем број на проекти со кои ќе ја направиме општина Гази Баба подобро место за живеење! – напиша градоначалникот.