Средношколецот Кристијан Митрев го фати денеска светиот крст положен во реката Луда Мара и посака здравје за сите.
Во изјава за медиумите, 18-годишниот кавадарчанец кажа дека долги години имал желба, а годинава имал прв обид и среќа на Водици. Тој доби и подароци.

-Водата е студена и студено е, но тоа не е важно, важно е што ми се исполни долгогодишната желба. Вечен нека е празникот, порача тој.
Притоа посака здравје, љубов, слога, среќа за сите. Да прекинат сите лоши работи во светот.
Во студената вода на реката што го дели градот на два дела, по светиот крст влегоа дваесетина лица.