Република традиционалната манифестација „Пролетни денови“

Штипскиот градоначалник ги прими учениците кои учествуваа на спортските манифестации

Штип е достојно претставен благодарение на ваквите успеси. Овие резултати се доказ дека вложувањето во младите и спортот носи вистински вредности, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник ги прими учениците кои учествуваа на спортските манифестации

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска организираше прием за најуспешните ученици кои постигнаа извонредни резултати на турнирите организирани од Сојузот на училишен спорт – Штип. На средбата посебно беа истакнати активностите како што се првиот турнир во ракомет, регионалните натпревари и традиционалната манифестација „Пролетни денови“, кои успешно го промовираат училишниот спорт и го зајакнуваат спортскиот дух кај младите.

Јорданов рече дека општината дава силна поддршка на Сојузот на училишен спорт за неговата клучна улога во откривањето и развојот на младите спортски таленти.

-Штип е достојно претставен благодарение на ваквите успеси. Овие резултати се доказ дека вложувањето во младите и спортот носи вистински вредности, вели Јорданов.

Тој најави нови инвестиции во спортската инфраструктура, меѓу кои се и реконструкциите на спортските сали во Општинските основните училишта (ООУ) „Тошо Арсов“ и „Димитар Влахов“.

Јорданов се заблагодари на спортските работници, наставниците и тренерите кои секојдневно работат со младите, и ги повика сите талентирани ученици од основните и средните училишта да аплицираат на јавниот повик на Општина Штип за спортско стипендирање со цел унапредување на нивниот понатамошен спортски развој.

-Сето она што го правиме денес, ќе донесе вистински резултати утре. Нашата обврска е да го поддржиме секој млад човек кој вложува во себе преку спорт, знаење и упорност, изјави Јорданов.

To top