Република Кавадарци

Се гради детска градинка во Дреново

Директорката на кавадаречката детска градинка „Рада Поцева“ Цанка Добринова појасни за МИА дека е ова всушност десетти клон на детската градинка, наменет за 20 дечиња од селото. 

Се гради детска градинка во Дреново

Во завршна фаза е детската градинка во кавадаречкото село Дреново, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

– Станува збор за реконструкција и адаптација на објект во село Дреново, што преминува во детска градинка, како проект кој е дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев.

Изведувач е фирмата „Арт инженеринг“ од село Белица, Македонски Брод.

Секретарот во Општината Тодор Ефремов информираше за МИА дека средствата за објектот се обезбедени од општинскиот буџет.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Директорката на кавадаречката детска градинка „Рада Поцева“ Цанка Добринова појасни за МИА дека е ова всушност десетти клон на детската градинка, наменет за 20 дечиња од селото.

– Прв пат Дреново добива ваква група за прием на дечиња, во други просторни услови. Опремата ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика, а ќе има и нови вработувања. Вакви објекти веќе имаме и се во употреба во селата Возарци, Марена и Ваташа, со што покажуваме дека подеднакво се води грижа како за децата во урбаните, така и во руралните средини, нагласи таа.

Во десетте клона на „Рада Поцева“ се згрижуваат вкупно 1.200 дечиња.  (МИА)

Најнови вести од Република

To top