„Уличен фестивал на храна“ (Street food festival) се одржа во Младинскиот парк во Велес, организиран од Општина Велес и здружението „Мовембер“.
Фестивалот на посетители од сите генерации им понуди вкусна храна од познати брендови и музичка програма.
Тоше Ѓошев од здружението „Мовембер“, оцени дека фестивалот поминал одлично и ги надминал нивните очекувања.
– Задоволни сме од посетата од сите генерации, посебно од младите. Во разговор со нив, оценивме дека им се допаѓа и посакаа да го има и наредното лето. Ние, како организатори, планираме да го донесеме фестивалот во Велес и наредниот август и да стане традиционален со уште поголем избор на храна од светски брендови и добра музика, подвлече тој.