Република Граѓаните реагирале

Поради неквалитетна изведба од операторот, неколку штипски улици повторно асфалтирани

Штипскиот градоначалник на денешната прес-конференција беше дециден дека во иднина ќе продолжат контролите со цел граѓаните да дообијат квалитетни улици кои практично се направени од нивните пари.

Поради неквалитетна изведба од операторот, неколку штипски улици повторно асфалтирани

Во Штип поради неквалитетна реконструкција на неколку улици денеска  економскиот оператор повторно ги асфалтираше.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека улиците „Пиринска“, „Иво Лола Рибар“, „Митко Цецов“ се само дел од улиците во Штип кои се асфалтирани со несоодветен и неквалитетен асфалт. Посочи дека  граѓаните кои живеат на овие улици реагирале за пропустите кои се направени и се видливи со голо око, а контрола направија и надлежните. Јорданов вели  дека еконoмскиот оператор на сопствен трошок повторно  ги асфалтира улиците.

-Врз основа од испитувањето од асфалтната маса кое го направивме се констатираше дека одредени улици несоодветно, неквалитетно се асфалтирани со неквалитетен асфалт. Граѓаните кои живеат на тие улици реагираа за квалитетот за асфалт. Економскиот оператор е информиран дека на негов трошок е должен да го изврши асфалтирањето затоа што имаме обврска да ги кконтролираме сите објекти и улици кои се прават. Такви се улиците „Пиринска“, „19 Корпус“, „Иво Лола Рибар“, вели Јорданов.

Тој додаде дека на овој начин  се штити јавниот интерес, а со тоа и можноста штипјани да добијат квалитетни услуги. Асфалтираните улици треба да траат со години, вели тој, а не неколку месеци.

-Како што напоменав, јавниот интерес ќе се штити и нема да дозволиме граѓаните да добијат неквалитетни улици. И доколку ова што денес се нанесува не е соодветно и на ова ќе извршиме испитување, повторно ветувам дека нема да дозволиме улиците да траат со месеци, туку напротив треба да траат со години, рече Јорданов.

Штипскиот градоначалник на денешната прес-конференција беше дециден дека во иднина ќе продолжат контролите со цел граѓаните да дообијат квалитетни улици кои практично се направени од нивните пари. Се она што е несоодветно и неквалитетно направено ќе биде поправено на сметка на операторот.  (МИА)

To top